Се преврте автобус со работници кај Битола

Автобус кој утрово превезувал работници во фабриката „Кромберг и Шуберт“ се превртел од патот на излезот од индустриската зона „Жабени“ во Битола. Полицијата потврди дека несреќата се случила утрово околу 6,30 часот, кога автобусот се превртел од патот, пренесува СДК

Од Битолската болница за порталот соопштија дека се донесени 5 повредени пациенти со полесни повреди, третирани амбулантски и не се хоспитализирани.