Се претставувал дека е вработен во МВР и изнудил пари од Штипјанец

28 годишник од Крива Паланка, со престој во Скопје, бил лишен од слобода, бидејќи се претставувал лажно како вработен во МВР.

Имено, тој довел во заблуда лице од Штип, и му ветил дека може да му извади лиценца за обезбедување и возачка дозвола без полагање, при што во два наврата му земал вкупно 1782 евра, информираат од МВР. 

Од таму соопштуваат дека лицето е приведено вчера (28.09.2022), во 09.25 часот во Скопје, а при претрес во домот во кој престојува во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.

Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.