Се претставил дека е од УЈП па со камен сакал да ограби менувачница во Скопје

Вчера околу 13.30 часот во менувачница на ул. „Московска“ во Скопје непознат сторител извршил разбојништво во обид.

Сторителот се претставил како вработен во Управата за јавни приходи и побарал да влезе позади пултот, но вработената не му дозволила. 

Потоа излегол надвор и со камен почнал да удира во шалтерското стакло.

Во тој момент вработената го вклучила алармот, а сторителот избегал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.