Се предлага 30 дена кризна состојба во цела држава

Советот за безбедност, после исцрпна дискусија, донесе заклучок кој ќе биде проследен до Владата, а се однесува на тоа да се предложи прогласување на кризна состојба во траење од 30 дена, соопшти денеска претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност во Вила Водно.

Шефот на државата оцени дека состојбата во земјата со Ковид-19 е исклучително сериозна. А состојбата не е поинкава, како што рече, и во буквално сите земји во Европа и светот, далеку полоша од пролетниот бран.

Седницата на Владата на која овој предлог треба да се разгледа, според најавите, би требало да се одржи најдоцна до утре вечер, по што се очекува и да биде прогласена 30-дневна кризна состојба.

На седницата на Советот за безбедност на Република Македонија покрај редовните членови на Советот премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери и министрите за одбрана и за надворешни работи Радмила Шекеринска и Бујар Османи, на покана на претседателот Пендаровски присуствуваа и министерот за здравство, Венко Филипче. Министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски не присуствуваше на состанокот.