Се повреди работник при поставување колектор на Вардар

На 15.01.2020 во 16.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен Б.Р.(38) од Скопје, кој се здобил со повреда при извршување работни задачи при поставување колектор на р.Вардар.

Од страна на лекар на Б.Р. му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот е известен и Инспектор од државен инспекторат за труд. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.