Сè повеќе луѓе чувствуваат замор и пад на енергијата: Што е причината?

Голем дел од нас постојано се жалат дека се изморени.

Photo by Annie Spratt on Unsplash

Се чини како да што и да направиме, заморот и стресот се тука, како неизбежен дел од нашето живеење. Се трудиме да живееме здраво, да бидеме физички активни, да ја одржуваме својата добросостојба, но некогаш забораваме да се погрижиме за својата енергија.

Не можеме да ја допреме, но ја чувствуваме. Потсетете се само на чувството кое некои луѓе ви го носат во вашиот живот – добрата или лоша енергија е насекаде околу нас.

Но, што ни ја краде енергијата?

Негативните луѓе

Сите ги имаме околу себе и не можеме да ги избегнеме. Но, треба да научиме да поставиме граници. Ако за некоја личност сте свесни и знаете дека ви ја убива енергијата, тогаш најдобро е да се потрудите да го ограничите времето кое го минувате со неа. Дајте им повеќе време на оние луѓе кои ви носат добра енергија и расположение, а намалете го времето кое им го подарувате на оние кои не го заслужуваат тоа. 

Перфекционизам

Постојаната потреба и обид да бидеме совршени нема да нè однесат никаде. Штом постигнеме нешто, сакаме друго, сакаме повеќе и сè така до бескрај. Но, наместо тоа, некогаш треба да застанеме, да бидеме благодарни и да направиме мала пауза. Нема потреба да се бориме со времето, да се натпреваруваме, бидејќи можеме да постигнеме многу, но тоа само ќе нè измори. 

Неодлучност

Постојаното размислување и анализирање, што би било кога би било, прави да се чувствуваме истоштено? Во оваа ситуација, ние повеќе се фокусираме на проблемот, наместо да работиме на неговото решение. Не велиме дека треба да се носат нагли и брзи одлуки, но некогаш значајно е да се запрашаме кои сме ние и што ни е важно во животот. Пасивното живеење е најголемиот убиец на енергијата.

Постојани споредби

Споредбите со другите луѓе се непотребни, бидејќи не сме во туѓата кожа и не знаеме како живеат другите. Сите имаме своја животна патека и единствената личност од која треба да бидеме подобри е личноста која можеби сме биле вчера. Тоа значи дека е важно да вложуваме во себе, но во она што нè прави среќни, ни носи радост и возбуда и придонесува за нашиот развој.