Се потпишал во нејзино име: Поштар не доставил препорачано писмо, вработена во МОН ги пропуштила роковите

СВР Штип поднесе кривична пријава против 46-годишен поштар кој не доставил препорачано писмо до вистинскиот примач туку се потпишал во негово имe на листата за доставени пратки.

Писмото било од Министерството за образование и наука во врска со оглас за вработување, при што, поради пропустот на поштарот, лицето го пропуштило рокот за жалба на конкурсот за вработување на ментор – наставник.

„На 07.08.2026, пријавениот, вработен како поштар, не доставил препорачано писмо до едно лице од Министерство за образование и наука, а се потпишал во нејзино име на листата за доставени пратки со што ѝ нанел штета во однос на пропуштање на роковите за жалби при остварувањето на нејзините работнички права, а во врска со конкурирање на интерен конкурс за ментор – наставник“, соопштија од МВР.