Се поставуваат заштитни столпчиња на тротоарите на дел од улицата „Втора македонска бригада“

Продолжува акцијата за поставување на заштитни столпчиња во Скопје.

Деновиве екипите на ЈП „Улици и патишта“ поставуваат заштитни столпчиња на тротоарите на дел од улицата „Втора македонска бригада“.

Оваа координирана акција се спроведува по налог на Град Скопје и истата е во насока на зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и овозможување непречено движење на граѓаните.