
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска информираше дека уште една современа фитнес зона е ставена во функција во ООУ „Мирче Ацев“.
Тој посочи дека поставувањето на новата фитнес зона била дел од проектот што Општината го реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски.
„Ова е една од трите нови фитнес зони со кои создаваме подобри услови за спорт, рекреација и здрав развој на нашите деца и младите. Нашата цел е јасна - спортската инфраструктура да биде достапна во секоја населба и во нашите училишта“, истакна Стојкоски.