Градоначалникот на општина Ѓорче Петров на неговиот Фејсбук профил објави дека отпочнало поставувањето на нов терен со вештачка трева во ООУ Страшо Пинџур на поврѓина од 800 метри квадратни.
„ Како никогаш досега ја градиме инфраструктурата за спорт, обезбедуваме услови за спорт и рекреација на сите генерации. Историски најголем инвестициски циклус на општината во објекти за спорт. Досега ги изградивме:
- Детски фудбалски терен на ул. Македонска Војска
- Нов терен со вештачка трева во ООУ Димитар Поп Ѓоргиев Беровски
- Нов мултифункционален терен во ООУ Димитар Поп Ѓоргиев Беровски
- Тартан подлога на спортски центар ГеГе
- Тартан подлога на спортски центар Бранители
- Градиме спортска сала во Хром“ напиша Стојкоски
Градоначалникот посочи дека до крајот на неделава планирано е поставување на уште еден терен со вештачка трева во дворот на ООУ Мирче Ацев.