Се поставува нов систем за полевање во Ново Лисиче - ќе биде во должина од 2.5 километри

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески информираше дека денеска извршил увид во поставувањето на новиот систем за полевање во Ново Лисиче.

„Денеска извршив увид во активностите за поставување нов систем за полевање во Ново Лисиче, спроти паркот „Авионче“, околу Спортскиот терен „Никола Христовски – Кољо“. Овој простор за првпат добива современ систем, со кој обезбедуваме подобри услови за одржување на тревниците и на зелените површини“, истакна Митески.

Системот ќе биде во должина од околу 2,5 километри и ќе опфаќа повеќе од 300 прскалки, со што ќе се овозможи редовно, рамномерно и поефикасно полевање на зеленилото.

„Овој простор е едно од омилените места за престој и рекреација на жителите на Ново Лисиче. Секојдневно го посетуваат голем број деца, родители и возрасни, а покрај спортското, тука се наоѓа и детско игралиште. Затоа, грижата за овој простор и неговото уредување имаат особено значење за сите генерации“, порача градоначалникот.