Се пополнуваат ударните дупки на улиците во Маџир маало

Ги пополнуваме ударните дупки на улиците во Маџир маало, ова го соопшти градоначалникот на Општина Центар на својот Фејсбук профил.

По санирањето на дупките во оваа населба акцијата ќе продолжи низ Дебар Маало, Буњаковец, Ново Маало, Кале и населбата Водно.