
По пријавите од граѓаните за зголемена појава на глодари, вчера и денеска се спроведува вонредна дератизација на повеќе критични локации во Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец и Кале во скопски Центар.
Надлежните екипи се на терен, а состојбата ќе се следи и во наредните денови. Доколку се утврди потреба, дератизацијата ќе биде проширена и на други локации, информираа надлежните.
Граѓаните се повикуваат да продолжат да ги пријавуваат местата каде што забележуваат зголемена појава на глодари, со цел навремено да се преземат соодветни мерки.
Вонредната дератизација ќе се спроведе на следните локации:
Капиштец – ул. „Загребска“ бр. 28, спроти Биотек (поранешно КТК), кај контејнерите.
Дебар Маало – ул. „Радњанска“, кај контејнерите, просторот околу Пазарот Буњаковец и дел од ул. „Рузвелтова“.
Буњаковец – ул. „Борка Талески“, од ООУ „Ј. Х. Песталоци“ до Грчката амбасада, како и крстосницата на ул. „Стефан Јакимов Дедов“ со ул. „Апостол Гусларот“, вклучително и шахтите околу запуштениот објект до ООУ „Ј. Х. Песталоци“, Катната гаража и бараките на ЈП „Комунална хигиена“.
Кале – ул. „Лазар Личеноски“, во близина на Спортска медицина и Царинската управа.