Се поголем број Македонци патуваат на Острог - еве што нудат агенциите за аранжман од 2.000 денари

Манастирот Острог станува се поатрактивна и барана дестинација за македонците. Една од причините е што туристичките агенции нудат евтини аранжмани за ова патување, а освен тоа, за влез во Црна Гора не е потребен ПРЦ тест.

Освен тоа во оваа земја границата може да ја минете само со лична карта, односно не е потребен пасош.

Туристичките агенции нудат понуди од 1.500 до 2.000 денари за дво или тридневно патување, во кои е вклучен автобуски превоз, апартманско сместување за две ноќи или спиење во манастирот и посета и разгледување на манастирот кој датира од 17 век, основан од Василие Острошки. 

Поевтините аранжмани, од 1500 денари нудат опција за спиење во самиот двор на манастирот со обезбедени вреќи за спиење, додека понудите од 2000 денари овозможуваат апартманско сместување. 

Се посетуваат Горниот Манастир, Долниот Манастир и црквата која се наоѓа помеѓу Горниот и Долниот Манастир.

Во некои од понудите се предвидени посети на Будва, Бар или Сутоморе, а предвиден е и стручен туристички водич.

Во цената која ја нудат турситичките агенции најчесто не е вклучена туристичката такса која чини едно евро по лице, и патничко-здравственото осигурување.

Агенциите нудат попусти до 30% за деца под 12 години.

Црна Гора е третото најпосетено светилиште во христијанскиот свет.