Се плашам повторно да се заљубам!

Повторното заљубување е како некоја голема мисија и не ми се допаѓа тоа. Се плашам. Се плашам дека повторно ќе морам да минувам низ истите работи и навистина не сум подготвена за тоа.

Знам дека претерувам, знам дека моите стравови не се секогаш оправдани, но не можам да одам против себеси кога знам што сум искусила во животот. Знам дека имам ставено огромни ѕидови околу моето срце. Моето срце си ја има научено лекцијата. А и јас заедно со него.

Љубовта звучи толку магично и прекрасно. Да бидеш заљубен значи да знаеш дека одиш напред со отворено срце и не се плашиш од ништо, затоа што си доволно храбар за тоа. Но, денес, љубовта ми звучи само како болка.

„Љубовта“ ме повреди и „љубовта“ ми го уништи срцето.

Сакав толку искрено и безгрижно. И тоа ме уништи. И сега се плашам повторно да се заљубам. Не давам никому да ми се приближи и никој нема шанса да влезе во мојот живот. Толку сум затворена што дури на моменти имам чувство дека сум заборавила да чувствувам. Но, истоштена сум од тоа постојано да се заљубувам само за да бидам оставена или скршена од некој кој не се однесува добро кон мене.

Уморна сум од сопствените очекувања и од тоа што никогаш не го добивам она што го заслужувам. Истоштена сум од мојот страв да бидам разочарана по 100-ти пат, само затоа што премногу сум сакала. И сега стојам тука, ја гледам личноста во огледалото, која е исплашена повторно да сака и ја прашувам дали има нешто што можам да направам за да се чувствува подобро, за помалку да боли. Но, таа бледо ме гледа затоа што е исцрпена. Но, ќе биде добро. Ќе бидам добро.

Ќе научам да живеам со моите разочарувања, затоа што понекогаш само така можеш да научиш колку вредиш.

Ќе бидам добро, но ми треба време да заздравам – тоа е најважно. Не можам преку ноќ да се вратам на нозе, а и не се ни трудам искрено. Светот сака да ме поттурне и да го забрза овој процес, но не ми е гајле. Моето срце е кревко и не сакам повторно да се скрши. Затоа ќе си го чувам заклучено во градите и нема да го подарам уште долго време.