Се паркира на тротоар: Заштитните столпчиња искршени

Граѓани преку социјалните мрежи реагираат до градоначалниците на Скопје и на Аеродром, Петре Шилегов и Златко Марин, за поправка или замена на искршените столпчиња на велосипедската патека на булеварот Кузман Ј. Питу. 

- Минатата недела пријавивме дека се уништени столпчињата на пешачката т.е. велосипедската патека на булеварот. Навечер педесетина автомобили се паркирани по должината на патеката. Еве, денес е нов работен ден, нова шанса да испратите екипа на терен. За зелен Аеродром! -  апелираат граѓаните. 

Столпчињата беа во функција на заштита на велосипедската и пешачката патека од паркирани автомобили.