Се ожени македонскиот ракометен репрезентативец - неговата избраничка е поранешна ракометарка

Вчера се ожени долгогодишниот македонски ракометен репрезентативец, Никола Маркоски.

На Фејсбук страната „Фан страна на Ракометната репрезентација на Македонија“ пишуваат дека репрезентативниот пикер и нов член на Еурофарм Работник, Никола Маркоски вчера го потпишал својот животен договор.

28 годишниот ракометар од Струга стапи во брак со својата долгогодишна девојка, екс ракометарката Ане Миленковска.

– По тој повод му честитаме и му посакуваме среќен заеднички живот, низа незаборавни мигови и еден куп дечиња, пишуваат во честитката од фан страната.