Се отвори најголемата игротека „Вања“ во западна Македонија (ФОТО)

Вчера беше свечено отворена Игротека Вања, најголемата игротека во западна Македонија “Игротеката распростанета на 700 м2 и е изградена по најсовремени стандарди за климатизација, ветилација и светлина. Широкиот постор им нуди на децата полесно да се движат и играат.

Играчките со кој е опремена игротеката дава максимална безбедност за игра на децата.Таа располага со отворена летна тераса и затворен климатизиран простор”- изјави Виолета Анѓелковска, директор на Кам Village и додаде „Од особена важност ќе биде високото ниво на хигиена кој ќе прв критериум на игротеката.

Во неа ќе се имлеметираат и едукативни програми согласно возраста на децата,ќе соработуваме со градинките и основните училишта од Охрид и Регионот,каде со заедничка соработка ќе организираме тематски претстави, презентации и натпревари. Ќе се одбележуваат национални и верски празниците, креативни катчиња и незаборавни родендени.

Во следниот период следи и отварање на забавен парк, но за тоа ќе но оставите простор да Ве изненадиме со нешто ново и модерно. „Од особено значење е тоа што игротеката е сместена во рамките на Комплексот Трговскиот центар“KAM Village” е една од најголемите инвестиции на македонската компанијата КАМ,. Комплексот располага со 12.000 м2“ изјави Ангелковска. Во рамките на комплесот Кам Village сместени се трговскиот центар и хотелoт КАМ Village.

Трговскиот дел има над 50 продавници со дизајн на современите европски трговски центри, различна квадратура и дејност, најсовремена шопинг улица и кафе барови. Хотелот располага со 40 соби и 79 легла, модерно лоби,ресторан, ланц бар, кафе бар, конференциска сала.

Модерниот стил на уредување е привлечен како за бизнис гостите така и за фамилијарни посетители. Ресторанот во рамките на хотелот ќе нуди можност за организирање на мини семејни прослави, свадби, родендени, крштевки како и професионални деловни средби и состаноци.

Конференциската сала е опремена со професионална опрема и има капацитет сод 60 посетители Отварањето на трговскиот комплекс и хотелот е следниот месец. Комплекост располага со паркинг од затворен тип, вклучен во престојот и достапен 24 часа. Паркингот е достапен и за надворешни клиенти.