Се отвора вечерно училиште за правење екстракти од канабис во Македонија

„Зелена Алтернатива“ во соработка со Public Room и Organic Growshop MK, во текот на месец мај организира предавања за канабисот, од семе и садење, преку сув цвет готов за употреба, до финална изработка на екстракти од канабис.

Евидентно е дека дека само со направените видеа, дел од лицата на кои им е потребна помош, не можат целосно да се снајдат и сами да си помогнат и со цел на продолжување на континуираната едукација за канабисот, Зелена Алтернатива во соработка со Public Room и Organic Growshop MK, во текот на месец мај организира предавања за канабисот, од семе и садење, преку сув цвет готов за употреба, до финална изработка на екстракти од канабис.

Поради социјална сензитивност на темата се напоменува дека обуката е од образовен карактер и е наменета за лица на кои маслото/екстрактите од канабис им се најмногу потребни (заболени од рак и останати здравствени состојби).

За следење на секој модул, секој регистриран учесник купува билет од 150 денари во кој е вклучен еден пијалок. Местата за вечерното училиште се лимитирани и ќе бидат исполнети на принцип, прв пријавен – прв послужен.

Регистрација за секој модул одделно е задолжителна и се врши со најава преку email: contact@publicroom.org со испраќање на: Име, Презиме – регистрација за вечерно училиште со зелена алтернатива.