Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,Diamond Mall“!

Континуираната експанзија на најголемиот дрогериски ланец во Европа - dm дрогерие маркт продолжува на домашниот пазар. На 19 септември 2024 година, со почеток од 10 часот, dm ги отвора вратите на својата нова дрогерија во ТЦ ,,Diamond Mall’’.

Во новата дрогерија, покрај СЕКОГАШ ПОВОЛНО цените, купувачите ќе може да уживаат и во попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ кој ќе трае од 19 па сѐ до 22 септември!

Покрај ова, на денот на отворањето, купувачите ќе може да уживаат и во дополнителни изненадувања:

  • подарок dm торба за пазарување со секоја сметка над 500 денари
  • подарок Denkmit универзални влажни марамчиња, со секоја сметка над 700 денари
  • подарок dm пешкир за плажа, со секоја сметка над 1.999 денари

Летокот за отворање може да го разгледате тука

На денот на отворањето купувачите на dm ќе бидат пречекани и во супер весела атмосфера со DJDJ, а за најмалите ќе има и посебна забава! 

Општествена одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во хуманитарни цели на.

Секој нов почеток носи нови можности, па така сме возбудени што можеме да бидеме дел од животот на нашите купувачи на уште една локација. Ве покануваме да дојдете, да ја посетите наша нова дрогерија и да ги откриете сите изненадувања кои ги подготвуваме. Заедно, ќе создадеме убави спомени и ќе продолжиме да растеме како заедница!  – Изјави Влатко Најдовски – регионален менаџер за продажба во dm дрогерие маркт.

Дрогериите на dm со својот асортиман на повеќе од 14.000 производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како производи за хигиена во домот и нега на алишта се вистинскиот избор за пазарување сѐ на едно место. Повеќе од 3.000 производи се од нивните сопствени трговски марки кои имаат германски квалитет и секогаш поволни цени. Добропознатите dm марки  Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и сите други, гарантираат идентичен квалитет во сите 14 земји во кои компанијата работи, додека dmBio е бренд со најширока понуда на органска храна во нашата земја.