Се отстрануваа нелегално изградени објекти во општина Центар. 

Изминатите неколку денови Секторот за инспекциски работи постапуваше по издадени решенија за отстранување на нелегално изградени објекти, информираат од општина Центар. 

- Се интервернираше на неколку локации, меѓу кои и на улицата „Партизанска“, каде се отстрани рампа и се ослободи јавна површина узурпирана со бехатон. На улицата „Славе Деловски“ на делот Капиштец/Водно се отстрани диво поставена гаража, а на булеварот „11-ти Октомври“, кој минува кај Градска болница, се отстрани киоск, со што се ослободи простор за нормално функционирање на пешачката патека. Повторно упатувам повик до одговорните лица да се придржуваат до важечките прописи и закони за коирстењето на јавната површина, а активностите на инспекцијата ќе продолжат и во наредниот период - напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.