Се откриваат идентитетите - студент, петта позната жртва

Бобан Аврамоски е името на еден од 14 загинати.

Бобан е студент на ФОН Универзитетот, на фејсбук групата на Универзитетот објавија сочуство до семјеството.

Бесим Камбери од гостиварското село Сенокос е четвртата жртва од тешката сообраќајка кај Карпалак, чие име е објавено во јавноста.

Неговата фотографија и информациите за погреб се објавени на официјалната страница на селото на „Фејсбук“.

Досега е потврдено дека во превртениот автобус животот го загубија Јовица Трпевски, Зоран Давидоски и Онур Садику.