Се откопчал и почнал да се самозадоволува пред група на малоленички во Скопје

Десетина минути по полноќ во Секторот за внатрешни работи Скопје, се јавил 42-годишниот Г.Ц. и пријавил дека околу 22,45 часот на улицата “Лондонска“ додека седеле пред влез од зграда, неговата малолетна ќерка и уште две другарки сите на возраст од 16 години, им пришло непознато лице на возраст од околу 45 години и почнало да им поставува прашања. 

Во еден момент лицето го откопчало патентот на пантолоните и почнало да се самозадоволува пред нив.

Тогаш девојчињата избегале во влезот на зградата, а лицето со велосипед го напуштило  местото на настанот.

Се работи на целосно расчистување на случајот.