Се откажуваат свадбените церемонии - што е со склучувањето бракови додека трае вонредната состојба?

Ситуацијата со појавата на корона вирусот во светот и во Македонија, доведе и до степен да се откажат сведбените церемонии, кои што се закажани за месец април и мај. 

Рестораните не работат, а забрането е и собирање на повеќе луѓе на едно место. 

Од матичните служби велат дека бракови можат да се склучуваат, но само во нивните простории, не и надвор на терен. 

- Ние имавме закажано свадбена веселба на 24 април уште минатата година, но никој не се надевал дека ќе се случи нешто вакво. Ја откажавме свадбата, ќе чекаме подобро време. Се надеваме само дека се ќе се среди за брзо време, раскажува Бобан од Куманово. 

И угостителите се надеваат дека оваа ситуација ќе заврши брзо, без многу заразени и жртви, а потоа да се врати и се во нормала.

-Во мојот ресторан има закажано свадби до септември 2020 година. Овие во април и мај се откажани, ќе видиме за понатаму. Само да биде се добро, ќе се вратиме потоа сите во нормалното секојдневние, вели сопственик на ресторан од Куманово. 

Инаку во моментов има 148 заразени со корона вирост, еден излечен и 2 смртни случаи.