Се откажуваат концертите на BOND, Жељко Бебек и Електрични Оргазам

Поради новонстаната состојба со коронавирусот и препораките од Владата, мартовските концерти на BOND, Жељко Бебек и Електрични Оргазам се одложуваат, информираат од Авалон Продукција.

– Со оглед на новонастанатата ситуација, препораките и мерките донесени од Владата кои се однесуваат на коронавирусот, сакаме да ве информираме дека мартовските концерти на BOND, Жељко Бебек и Електрични Оргазам се одложуваат и континуирано работиме за да обезбедиме нови дати за концерти во месец мај, велат од оваа продукција.

Оттаму додаваат дека новите датуми ќе бидат објавени во понеделник во 21 часот.