„Се откажав од средствата за мојот кабинет, за дечињата да учат во соодветни услови“ напиша Муцунски на фејсбук за реконструкцијата на „Блаже Конески“

 

Ветив дека ќе работиме поинаку и на дело го покажуваме тоа напиша градоначалникот Муцунски нa фејсбук објавата на реконструкцијата на основното училиште „Блаже Конески“ каде средствата за проектот се обезбедени со пренамена на пари кои првично биле наменети за градоначалничкиот кабинет.

„Деновиве заврши реконструкцијата на основното училиште „Блаже Конески“. Проект кој целосно се реализираше со средства првично планирани за кабинетот на градоначалникот, а на моја иницијатива пренаменети за оваа цел“, се вели во фејсбук објавата на Муцунски.

Инвестицијата во висина од 30 илјади евра, средства целосно обезбедени од буџетот на Општина Аеродром опфати санација и реконструкција на дел од училишната зграда, реконструкција на училницата за дневен престој, санација на санитарните јазли, промена на вратите и промена на подот во дел од училниците.

„Сега родителите веќе не треба да водат грижа, затоа дечињата ќе учат во модерни и реновирани простории. Но, важно е дека до крајот на оваа година планирано е да започне и доградба на училишната зграда. Со тоа ќе го зголемиме капацитет на училиштето и ќе обезбедиме подобри услови за реализација на училишните активности“, заклучува Муцунски во својата објава.