Се откачил и паднал лифт со четворица станари во зграда во Карпош 4

Лифт се откачил и паднал во нова зграда во Карпош 4, на која с уште не и е направен технички прием, но десетина станови се вселени бидејќи добиле клуч од инвеститорот, објави СДК.мк.

Несреќата се случила во средата, а во моментот во лифтот се превезувале четворица станари. За среќа, никој не е повреден.