Се освети манастирот Св.„40 Маченици“ изграден на Смилковското езеро во слава и сеќавање на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски и Борче Стевковски кои пред 12 години беа кукавички убиени на ова место.
„Со изградбата на овој манастир, грозоморниот чин на убиството нема никогаш да се заборави и никогаш да не се повтори! Чинот на осветување го изврши неговото блаженство, Архепископот Охридски и Македонски Господин Господин Стефан“, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски на Фејсбук.