Се ослободуваат улиците во Чаир од хаварисани возила

Во општина Чаир се спроведува акција за отстранување на хаварисани возила од јавни површини, извести на Фејсбук градоначалникот Висар Ганиу. 

Претходно, на сите сомнителни возила биле лепени барања за отстранување, за сопственикот сам да се погрижи за нив, но по истечениот даден рок, возилата кои се уште се на паркинзите и на јавните површини се отстрануваат по службена должност. 

„А со акцијата која започна денеска, ќе се отстранат останатите 21 хаварисани возила кои ќе им подлежат на понатамошните процедури согласно Правилникот каде како последен чекор по истекот на 30 дена непријавување од страна на сопственикот на возилото е уништувањето на истото на посебна локација“, пишува Ганиу на Фејсбук.