Се ослободуваат тротоарите и улиците низ Скопје – пајакот во акција

Интензивно е чистењето на градот од неправилно паркирани возила.

-Пред некој ден станарите од околните згради мораа да дежураат надвор за да не им ги собере пајкот колите. Во овој дел од Аеродром, нема ниту една катна гаража, со години наназад жителите од околните згради се приморани да ги паркираат авомобилите на улица.Не ми јасно како се дигаат колите кога за нас нема паркинг, вели жителка на Мичурин.

По реакциите на граѓаните, МВР минатата недела најави зголемени активности а ние им даваме силна поддршка за оваа акција.

-Станарите од зградиве немаат гаражи, единствен избор за пракинг  е улицата Симеон Кавракиров и нејзините тротоари.Премногу згради се направија во околината се прави метеж, а катна гаража нема во близина, вели скопјанецот Павле од Мичурин.

Од СВР Скопје информираат дека за пречекорување на брзина при возење се санкционирани 20 возачи, а 15 се исклучени од сообраќај од кои двајца возеле под дејство на алкохол, десет пред да се стекнат со право на управување, а тројца биле почетници.

Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај 11 нерегистрирани возила, изрекла мерки на 99 возачи за непрописно паркирање, а пајакот подигнал 96 возила.

Изречени се санкции и за тројца пешаци, за четворица возачи кои на крстосница поминале на црвено светло, еден кој не дал првенствено минување, двајца за неправилно престројување, како и на шест за непоседување зимска опрема. СВР Скопје денеска ќе одржи сообраќајна поука за учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи.