Зоолошка градина Скопје за првпат после 26 години станува дом на слонови.
Прва слоница жителка на Скопје Зоо, била слоницата Цица која во Скопје живеела од 1963- 1970 год. Втората слоница која живеела во скопската Зоолошка е Анка, која починала во длабока старост во 1992 година.
На 29-ти септември им посакуваме ДОБРЕДОЈДЕ на слониците Дуња и Даела кои ќе ни раскажат една емотивна приказна и ќе ги освојат срцата на сите посетители на Зоолошка градина Скопје.
За време на прославата ќе настапат децата од Златно славејче, детската атракција ПЕТ+ БЕНД, а за најмалите се подготвуваат и подароци
Од Зоолошката градина ве повикуваат на овој настан на 29-ти септември од 12 часот.