Се олеснува постапката за трансплантација на органи и ткива

Една од одлуките на 114. владина седница е и предлог-програмата за трансплантација во Република Македонија за претстојната година.

Целта на оваа програма е да се зголеми бројот на донори од починато лице преку олеснување на постапката на трансплантација на органи и ткива во интерес на пациентите, зголемување на бројот на пресадувања на органи и ткива од човечкото тело заради лекување.

Понатаму, програмата ќе создаде систем што ќе обезбеди и кој ќе гарантира правичен пристап кон органите и ткивата преку формирање листа на чекање според видот на органи што ќе се базираат на транспарентни, објективни и медицински критериуми. Некои од активностите на оваа програма ќе бидат насочени и кон подигање на свеста кај населението за донирање органи и ткива, особено преку информирање на јавноста за важноста на трансплантацијата на органи и ткива.