Се огласи МВР: Утврден идентитетот на полицајците кои брутално претепаа човек

Во врска со видео материјалот што денеска (24.09.) беше објавен на социјалните мрежи, а на кое се гледа незаконито и непрофесионално постапување на полициски службеници, МВР известува дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот.

МВР презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот по што јавноста ќе биде соодветно информирана.