Се огласи докторката од Кожно која држела предавање на деца: „Добра сум, не сум била во контакт со директорката“

По големиот аларм кој го вклучија родители од Основно училиште каде минатата недела докторка од Клиниката за кожни болести, која сега е затворена, бидејќи директорката на клиниката е заразена од корона вирус, огласи јавно преку Општина Карпош. Таа смирува дека никој не е во опасност со оглед на тоа дека не се видела со директорката и дека е од онаа категорија луѓе со низок ризик. Општина Карпош на официјалната Фејсбук страна ја објави интегралната изјава на д-р Кујтиме Мехмети, вработена на Клиниката за дерматологија, која минатата недела одржа предавања во ООУ „Братство”.

„Се постапува согласно сите здравствени протоколи, во координација со Министерството за здравство. За жал, ова се е резултат на неодговорниот пристап на еден човек – доктор:

Јас др.Кујтиме Мехмети вработена во Клиниката за Дерматологија во моментот сум во добра општа здравствена состојба, без никакви симптоми и сум во домашна изолација 14 дена, како и сите останати вработени во Клиника за дерматологија. Предавањето во ООУ „Братство” го одржав на ден 03.03.2020 (вторник).

Во понеделник, 02.03.2020 со директорката на Клиниката за Дерматологија не сум била во близок контакт. Во вторник директно отидов во ООУ „Братство”, каде и предавав за договореното предавање, па потоа отидов на работа.

Имајќи предвид дека во понеделник не сум била во близок контакт со диркторката на Клиника за дерматологија, според протоколот: Категории на ризик според експозиција поврзана со меѓународни патувања, или контакт со потврден случај, спаѓам во група на низок ризик!

Ниво на ризик

Географска експозиција (Патници):
Експозиција на контакти со потврден случај
НИСКО
(претпоставува дека не постои тип на експозиција во категоријата на висок или среден ризик!)
Патници кои доаѓаат од:
• земји каде има поединечни случаи
Случаен контакт со потврден случај:
Лице кое имало контакт со случај на растојание поголемо од 2 метри или пократко од 15 минути

Лице кое било во затворена просторија со случај (на пр. училница, сала за состаноци, чекална во болница, автобус, итн.) на растојание поголемо од 2 метри и пократко од 15 минути

Сопатник кои седи на растојание поголемо од два реда во било која насока.

Јавно здравствени мерки при ниско ниво на ризик :

Следење на симптоми

Во случај на симптоми:

Само изолација и се јавува телефонски на здравствени служби според препораки за патници.
1. Дневно само-мерење на температура и следење на симптоми
2. Одржување на социјална дистанца
3. Во случај на симптоми се јавува телефонски на здравствени служби според препораки за патници

Жалам за настанатата состојба, ве разбирам за загриженоста бидејќи и јас ќе реагирав на ист начин. Верувајте дека ако имав и најмала информација дека сум била во контакт со особа која е заболена, немаше да дојдам на предавањето и истото ќе го откажев.”

Со почит: Др.Кујтиме Мехмети“, стои во текстот.