Се одржа традиционалниот противпожарен квиз за учениците од основните училишта во Илинден

Во организација на Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“ се одржа традиционалниот Противпожарен квиз натпревар  за екипите во пионерска  и младинска конкуренција од општинските основни училишта „Гоце Делчев“ од нас. Илинден, „Ристо Крле“ од  н.м.Кадино и „Браќа Миладиновци“ од  н.м.Миладиновци.

Првите места на квиз натпреварот што се одржа во просториите на основното училиште „Ристо Крле“ во Кадино, во двете категории ги освоија  екипите од ООУ „Гоце Делчев“. За сите учесници ОППС „Илинден“ обезбеди дипломи и пригодни награди.

Првопласираните екипи ќе земат учество на  регионалниот квиз натпревар што ќе  се одржи во организација на Противпожарниот сојуз на Град Скопје на 14-ти ноември годинава.

Противпожарниот квиз натпревар има едукативен карактер за заштита од пожари кај училишната популација која е една од главните целни групи бидејќи со стекнатото знаење се создава квалитетен и поброен подмаладок кој активно учествува во развојот на  доброволното пожарникарството.