Главен приоритет во есенското зазеленување е обнова на уништените дрвореди во минатото.
На повеќе локации низ Скопје се подготовува теренот на местата каде што во минатото беа исечени дрвја, а деновиве ќе бидат засадени нови садници за обновување на старите дрвореди.
Воедно, ги известуваме граѓаните да внимаваат и имаат разбирање за ископаните дупки на тротоарите, во кои деновиве ќе бидат засадени нови висококвалитетни листопадни садници.