Се навршуваат три години од смртта на Билјана Беличанец

Денеска се навршуваат три години од смртта на актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ. 

Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија.

Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје. Нејзин матичен театар беше Драмскиот театар во Скопје.

Беличанец беше градоначалничка на општина Кисела Вода од 2013 до 2017.

Таа, пред точно три години, била пронајдена мртва во својот стан, а смртта ја пријавил член на семејството. Според истрагата на полицијата, стануваше збор за самоубиство.

Од неодамна на Домот на културата во општина Кисела Вода е поставена нова табла и во иднина тој ќе го носи името на актерката и поранешен градоначалник на општината, Билјана Беличанец.