Се намалува продажбата на половни возила

Годинава увозот на половни возила паднал за повеќе од 20 отсто.

Македонците се помалку купуваат автомобили. Сопствениците на автоплацеви велат ако порано продавале 2 до 3 возила дневно сега  не можат да продадат едно во месецот.

Плацевите се полни  и затоа никој не увезува нови. Дел од оние не ја знаат точната причина за ваквата лоша состојба , но дел сметаат дека проблемите се јавиле со политичката криза. Од тогаш имаат стагнација во бизнисот како што досега никогаш немале. 

Состојбата дополнително ќе се влоши ако Германија одлучи да ги забрани возилата со ЕУРО 4 стандард.

Уште еден проблем кој го посочуваат се високите царини. Велат за возило старо една и три години царината е иста.

Од министерството за економија пак сметаат дека намалувањето на продажбата се должи на нискиот стандард на граѓаните.

На пазарот најбарани се возилата од германско и италијаско потекло по цена од 2.000 до 3.000 евра.

Од јануари до октомври увезени се вкупно 18 256 стари возила 21 отсто помалку од истиот   период лани или 4000 автомобили помалку.  Минатата година се донесе и одлука во земјава да не можат да се увезуваат автомобили кои се со ЕУРО 3 стандард.