Се најавува светско музичко шоу: Рок-легендата Ијан Гилан лично ве кани на концерт (видео)

Рок-легендата Ијан Гилан заедно со „Дон Ери бенд“, Македонската филхармонија, а под диригентската палка на Стивен Бентли - Клајн, на 5 ноември ќе одржи концерт во Скопје.

„Smoke On The Water“, „Black Night“ и „Perfect Strangers“... се дел од легендарните нумери што ќе прозвучат пред македонската публика во ВИП-арената на „Борис Трајковски“.

Ian Gillan Official Site преку неговата официјална Фејсбук страница, Ве кани на концертот на 5ти ноември во Скопје!
Не го пропуштајте настапот на еден од највпечатливите светски вокали на сите времиња!