Се надевам дека денес доволно те сакав...

Додека лежиш и спиеш, чувствувам како од моите рамена се крева товарот на денешницата. Сите тешкотии од денешниов ден некако бргу ги заборавам и сфаќам дека зачудено те гледа. Сакам да го вратам овој ден и да ти кажам колку беше добар. Сакам да ти кажам колку сум горда на тебе. 

Се надевам дека денес те сакав доволно. 

Додека те носам на училиште, со крајче од окото гледам како твоето слатко око ме гледа. И си ја враќам таа сцена во главата и се прашувам себеси: Дали денес те сакав доволно?

Низ хаосот на ова утро, за време на миењето на заби и миењето раце. За време на доручекот и моето кафе. За време на бирањето облека за денес. Подготвување на ранецот и бакнежите за разделба. 

Дали денес те сакав доволно?

За време на хаосот за време на вечерата, игрите и книгите. Се прашувам себеси: Дали ти посветив доволно внимание? Дали доволно те гушкав и бакнував? Дали бев престрога кон тебе? Дали внимателно ги слушав твоите приказни? Дали ти кажав колку си паметен? Дали денес те сакав доволно?

Сакам да знаеш, потребно ми е да знаеш дека секој ден си сакан. А јас ќе го посветам секој ден кој овој живот ќе ми го даде за да ти го покажам тоа. За да те потсеќам на тоа. Да те потсетувам колку си важен. Колку вредиш. Колкава е твојата сила.

Кога те прашувам: Дали знаеш колку те сака мама?“, а ти одговараш: „Од тука до небото“, се надевам дека и навистина веруваш во тоа. Се надевам дека го чувствуваш тоа. Се надевам дека таа љубов ти ја грее душата. Се надевам дека ти дава сила за да ги поминеш најлошите денови. Се надевам дека без оглед на тоа каде ќе те однесе животот, дека ќе памтиш колку те сакам. 

Јас секогаш ќе бидам тука. Ќе навивам за тебе. Ќе те кревам. Ќе те охрабрувам. Низ победите и поразите и најлошите моменти. Низ солзите и фрустрациите, лутината и новооткриената независност. Во деновите кога ме излудуваш и деновите кога ќе им пркосиш на сите работи на кои те учам.

Тука сум. Покрај тебе. И кога ќе ја зафркнеш работата и кога ќе згрешиш. Ќе бидам покрај тебе. Ќе стојам позади тебе, за да те дочекам. И секогаш ќе те сакам.

Дете мое, се надевам дека денес те сакам доволно. Затоа што ти си и секогаш ќе бидеш најдобрата работа која некогаш сум ја направила.