Се менува оштетената урбана опрема од градските сообраќајници

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве продолжија со активностите за менување на оштетената урбана опрема од градските сообраќајници. На терен се работеше на булеварите Гоце Делчев, Борис Трајковски, Трета Македонска Бригада, Јане Сандански, како и на улиците Димитрија Чуповски и Ѓорче Петров (кај кружниот тек).

На терен се отстрануваат оштетените заштитни столпчиња, жардиниери, бекатон плочки од патеките, рабници од тротоарите, а се корегираат и оштетените сообраќајни знаци. На истите локации ќе биде поставена нова урбана опрема или дел од оштетената опрема што ќе биде санирана.

Оваа активнот на ЈП „Улици и патишта“ ќе продолжи и во наредниот период на повеќе градски сообраќајници.