Се менува цената на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја одреди новата цена на горивата која ќе важи од полноќ. 

 Со последната одлука пред две недели, бензините и дизел горивата поевтинија за  1,5 денари по литар, па Еуросупер БС  95 се продава по цена  66 денари за литар, а  Еуросупер БС  98 изнесува 68 денари за литар. Еуродизел се продава за 51 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ 1) за 39,5 денари за литар.

 За 1,005 денари поевтини  и мазутот.