Се лизна дел од улицата “Пандо Кљашев” во населба Пржино

Сабајлево се лизна дел од улицата “Пандо Кљашев” во населна Пржино. Половина од коловозот е паднат во градежната парцела која ја направил инвеститор со градежна машина, дознава весникот Вечер.

Екипа од градежниот инспекторат на општина Кисела Вода веднаш излезе на терен. Жителите на околните куќи велат во повеќе наврати реагирале и предупредувале дека ископот кој го врши инветитотор под патот ќе предизвика свлечиште.

Подетални информации за случајот најавуваат од општина Кисела Вода.