Се крпи една дупка додека друга се отвора, што ќе биде утре?

На луѓево само едно им е во паметот, како да фатат штрафта од тука! Мојот најдобар другар заедно со семејството замина во Швајцарија, братучетката отиде во Германија, не верувам дека ќе се вратат...Сите бегаат од овде без размислување.

Македонија од ден на ден се празни. Мозокот си отиде, баграта остана.

Се штеди за се, се крпи една дупка додека друга се отвора. Сметки за струја, вода доаѓаат извршители, се стравува дека ќе останеме и без она малку што го присобрале.

Кога последен пат сте си купиле чевли, јакна, сте биле на семеен ручек во кафана?Ја нарекуваат минималец најниската плата, со која не можат да се покријат ни минималните трошоци. Јадеме леб, а сонуваме за месо.

Завршивме школи, чесно ја работиме својата работа, но оваа држава не е задоволна, нè цеди додека не цркнеме и нè убедува дека така мора. Во лице ти кажуваат дека залудно се трудиш, дека дипломата ќе ми стои на ѕидот. Притисокот кој се создава, нè толчи, нè гмечи, нè убива.

Обичните смртници останаа заробени без можности за спас од овде, како колатерална штета!