Се крпат дупки на улица „Финска“ во Ченто, Стефковски најави асфалтирање на повеќе локални улици

Со подобрување на временските услови започнуваме со реализација на градежните активности за подобрување на патната инфраструктура во населените места низ општина Гази Баба, соопшти денеска градоначалникот на општината Бобан Стефковски. 

Денес се реализираше активност за крпење на дупки на улица „Финска“ во Ченто.

- Доколку дозволуваат временските услови наскоро ќе започнеме со акцијата за асфалтирање на локални улици. И оваа година преку реализација на многу проекти ќе инвестираме во подобрувањето на патната инфраструктура насекаде низ општина Гази Баба, дополни Стефковски.