Се крати времето за пријавување на имотот при продажба на недвижности

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директорот на Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија Славче Трпески, денеска потпишаа Меморандум за соработка преку размена на податоци.

– Со овој меморандум за соработка ќе се усогласат податоците меѓу Регистарот за недвижен имот што го води Град Скопје и податоците од Катастарот за недвижности што го води Агенцијата за катастар. Градот Скопје ќе добие пристап и можност и да ги користи податоците од Агенцијата за катастар, а од друга страна Агенцијата за катастар ќе добие пристап до податоците за вредноста на недвижностите што се оданочени, со што ќе се скрати времето за полнење на базата за масовна евиденција на недвижностите. Со ова базите на податоци на двете институции ќе бидат усогласени и идентични, со што во голема мера ќе се скрати времето на пријавување на имотот при продажба на недвижности, изјави градоначалникот Трајановски.

Директорот Трпески истакна дека размената на податоци ќе се одвива преку web сервиси со кои располагаат двете институции и базите на двете институции ќе бидат усогласени, точни и сите промени направени во катастарот за недвижности ќе се евидентираат и во Регистарот за недвижен имот на Град Скопје.

– Со овој меморандум Градот Скопје ќе добие брз, ефикасен и точен пристап до податоците за недвижностите кои ги води катастарот, односно податоци за сопственикот на недвижноста, податоци за квадратурата, катност, локација, како и други податоци битни за недвижноста. Агенцијата за катастар на недвижности ќе добие огромна база на податоци со кој располага Град Скопје, пред се податоци за пријавената и процената вредност на недвижностите, потенцираше директорот Трпески.

Со овој Меморандум се уредува и соработката меѓу Град Скопје и Агенцијата за катастар и Градот како главен партнер на Агенцијата ќе учествува во реализацијата на проектот за воспоставување на системот за масовна проценка на недвижности на територијата на градот Скопје.

cheap nike air max 90