Се изведува фекална канализација во Жданец

Жданец ќе добие нова фекална канализација. Водоводот, во вкупна должина од 600 метри е наменет за сервисирање на новата населба на чија изградба интензивно се работи. Со изведба на овој дел од канализациската мрежа, септичките јами ќе станат минато. Инвестицијата чини 3,9 милиони денари, а градежните работи ги изведува „Ју-бај“.

„Со оваа канализација ќе биде поврзана целата населба. Ова е втора фаза од проектот, кој започна со поставување на фекална канализација од последната постојка на ’57‘ во Нерези. Во исто време работиме на подобрување на водоснабдувањето, бидејќи во овој дел има само техничка вода, односно водата не се користи за пиење. Истовремено ќе се изврши и асфалтирање на улицата која граѓаните сами ја имаат поплочено со бекатон-плочки“, изјави градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.