Екипата на Зелен Хуман Град, Шанса за Центар, волонтери, студенти, професори и активисти овие неколку дена работат на почетната верзија на Пасошот на Скопје.
Како што велат оттаму, Пасошот е веб платформа која ги мапира сите битни параметри за градските четврти како густина на населеност, покриеност со вело патеки и зеленило, достапност за паркинг, близина на школи и маркети, број на детски и спортски игралишта, и многу друго, следејќи го концептот на 15 минутен град.
-Со овие податоци ќе може да видите интерактивна мапа на МојГрад со оценка за секоја градска четврт, сите нејзини параметри, како и оценка за нејзината развиеност. Потоа, овие податоци може да се користат во изработка на ГУП и ДУП. Дел од податоците ги добиваме од институциите, но поголем дел сами ги наоѓаме или мериме на терен, велат тие.
Тие повикаа и сите заинтересирани да помогнат во слободното време, за да се соберат повеќе податоци!