Се избраа најубавите новогодишни декорации во Гази Баба, за кои општината обезбеди награди

Општина Гази Баба и оваа година избираше најубаво новогодишно декорирани дворови, тераси, училишта, градинки и заедница на станари.

Комисија составена од администрацијата ги посети сите пријавени, од кои се избраа најубавите и најуспешни декорации, за кои општината обезбеди награди.

Наградите ги додели градоначалникот Борис Георгиевски, на: Најубаво украсена тераса – Младеновска Катерина од н. Ченто; Најубаво украсен двор – Стојановски Драган од н.м. Виниче и Стојановски Марјан од н.м. Трубарево; Најубаво украсено основно училиште – ООУ „Н.Н. Борче“ н. Триангла; Најубаво украсен објект од градинката „Детска Радост“ е објектот „Мимоза“; Најубаво украсен објект од градинката „25 МАЈ“ е објектот „Сонце“; Најубаво украсен простор пред зграда на заедница на станари, се жителите од улица „Пехчевска“ бр. 3 н. Хоподром.