Се исцрта конечната локација на новиот долгоочекуван Клинички центар во Ѓорче Петров

Тука, во општина Ѓорче Петров ќе се гради современиот медицински комплекс.

За мене ова е личен успех, затоа што со мојот тим успеавме да ја убедиме Владата дека ја имаме најдобрата идеална  локација, но мојот личен успех е ништо во споредба со она што ќе го добијат сите граѓани на нашата земја.

Одиме по теркот на европските земји, градиме Клинички Центар  надвор од градот, далеку од градските гужви и сообраќајниот метеж. Кога е животот и здравјето во прашање секоја секунда е важна.   Периферноста на медицинскиот комплекс  ќе овозможи лесна поврзаност и со истокот и со западот. Лесна  сообраќајна достапност , брз проток на возила и  транзит на пациенти.

Придобивките од изградбата на Клинички ќе ги почувствуваат сите жители но од економски апскет најголем бенефите ќе има локалното население. Државната инвестиција во јавното здравство ќе отвори нови работни места, јакнење на економијата, намалување на невработеноста, отварање на мали бизниси, со што  очекуваме придобивки  за домашните но и за странските компании.

На оваа локација би можело да се направи и регионален центар со што на инвеститорите ќе им се даде можност да се градат хотели, спа центри заради термалните води до самиот локалитет.

Не се сомневам дека ќе го исполниме зацртаното. Медицинска услуга со врвен квалитет, инфраструктурно, најмодерно здание на Клинички Центар, прстап  и услуга за секој без исклучок. Но, за тоа треба многу работа и многу пот. Не смееме да отспатиме од она за кое се бориме а тоа е здравјето и цената на човечкиот живот.

Уште еднаш Ве уверувам дека техничките спецификации и местопложбата на Веле Поле се идеално место за Клинички Центар а убеден сум дека во тоа ќе се уверат и сите жители на Македонија.

Парцелата  од 90 хектари со 256 парцели  е во доминантна сопственост на Република Македонија,  не е потребна експропријација, со што би се заштедиле средства за изградба,  Веле Поле е со лесна пристапност до обиколницата,  близина на железничка пруга за добро поврзување со останатите населени места како и поволна географската местоположба на високорамнински локалитет, заштитен со шумски појас.

Поволната местоположба до обиколницата, каде што е предвидена и клучка, би нудела брза и едноставна конекција до соседните земји, а тоа би допринело и до развој на медицински туризам.

Локацијата се наоѓа во западниот дел на градот, близу Вардар и Лепенец, во еколошки чиста средина.